| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: 100 евра казна ако не го исчистите снегот од возилото

Доколку возачите во Хрватска ги управуваат своите возила без да го исчистат снегот ќе треба да платат казна од 700 куни (околу 100 евра).

Согласно Законот за безбедност во сообраќајот, чистењето на снегот од автомобилот е обврска за возачите.

Денеска поголемиот дел од земјата осамна под снег, а хрватските медиуми ги потсетија граѓаните за оваа одредба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top