| четврток, 6 декември 2018 |

Шипка повреди девојче во салата на ОУ „11. Октомври“

Седумгодишно девојче е повредено откако врз нејзината глава паднала метална шипка од фискултурна опрема во спортската сала од училиштето „11. Октомври“ во петокот пред да почне фолклорната група да тренира, објави ТВ Телма.

Според мајката на девојчето, деца сведочеле дека дел од учениците се беселе на одбојкарската мрежа при што била повлечена метална шипка и паднала директно врз главата на девојчето кое случајно поминувало.

Тоа со тешки повреди завршило на приватна клиника каде според наодите на докторите парчиња од черепот биле навлезени во обвивката од мозокот па морало да се прави операција.

Директорката на училиштето, Даница Блажевска, за ТВ Телма не сакала да го коментира случајот освен што изјавила дека настанот се случил на вонредна активност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top