На фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, граѓанин објави пост за скопјанец кој гребе автомобили на паркинг. Тој ја паркирал неговата кола пред домот на гребачот и нема да ја тргне додека тој не му плати оштета.
– Фатен е со докази вработен на бензинска пумпа во Катланово како гребе возила на паркинг во Аеродром. Оштетените возила се паркирани во населба Ченто кај него пред куќа. Блокиран му е влез на гаража и влезна врата. Возилата нема да бидат тргнати сѐ додека не плати фарбање за истите.
ОБЈАСНУВАЊЕ: Јас живеам во населба Аеродром и си ги паркирам возилата на паркинг како и секој жител на населбата. Веќе година дена приметував гребење на возилата. Прво мислев дека е случајност, но веќе кога стана сомнително почнав да се ангажирам повеќе за да дознаам дали некој намерно ме гребе. После подолго време, имам докази дека човекот кој живее во куќава е гребачот. Откако добив цврсти докази ги паркирав возилата како што се на снимката. Значи не сум се паркирал кај него пред врата па да ме гребе, туку отпосле се паркирав кога веќе година и повеќе ми прави штета. Јас стапив во контакт со човекот и го замолив да ми ја плати штетата. Тој одби да го стори тоа и сега му ги паркирав за да не може да влезе дома. Сега мислам дека е јасно за што станува збор.- пишува граѓанинот.
Видеото може да го погледнете на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст