| четврток, 6 декември 2018 |

Русјаков до Заев: А јас сум подготвен за македонска пролет

На изјавата „подготвени сме за име со географска одредница“ од премиерот Зоран Заев, писателот, режисер и колумнист Александар Русјаков одговори на „Фејсбук“.
„А јас сум подготвен за македонска пролет“, напиша тој, алудирајќи на „арапска пролет“, како што беа наречени низата протести и демонстрации што почнаа во Тунис во 2010 година и брзо се проширија во десетина арапски земји.
Русјаков минатиов викенд беше во Торонто на покана од најстарата македонска организација во дијаспората „Обединети Македонци“, каде што во рамките на одбележувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев имаше обраќање за состојбата во Македонија.
На враќање кон татковината тој сподели објава од своја пријателка на „Фејсбук“.
„Е мој Алекса! Од еден аеродром одлета, на друг ќе слеташ утре. И тоа само за неколку дена во потполно истиот град. Кој знае, можеби до утре ќе слеташ и во друга држава. Можеби и ние ќе бидеме во таа друга држава, а при тоа да не мрднеме од место. Каков историски феномен!“, гласи постот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top