Градоначалникот Петре Шилегов дал наредба да започне отстранувањето на бродовите во реката Вардар.
-Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите, во тек се постапките како ќе бидат созреани одлуките за носење така ќе бидат објавени, рече Шилегов.
Дали и колку ќе бидат обесштетени сопствениците Шилегов не прецизира, рече дека не е донесена дефинитивна одлука, а кога ја донесат, јавноста и сопствениците ќе бидат информирани.
Градоначалникот Шилегов изјави дека за дислоцирање на галиите и уривање на мостот за панорамското тркало потребни ќе бидат околу 5 милиони евра.
За да се намали опасноста од излевање на реката Вардар при поголеми врнежи од дожд, екипите на Град Скопје денеска во центарот на градот почнаа акција за расчистување на насипите и градежниот материјал натрупан во коритото на реката.
-Целта на оваа акција е да ја намалиме опасноста од излевање на реката при поголеми врнежи од дожд. Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста на водата, а со тоа сериозно се зголемува ризикот од поплави. Од тие причини, овие неколку дена екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ ќе работат на расчистување на теренот, а истовремено му е наложено на градежното претпријатие ‘Бетон’, како изведувач на објектот ‘Панорамско тркало’, да го среди своето градилиште и да овозможи максимална проточност на коритото во делот на тој пешачки мост, рече градоначалникот Петре Шилегов.
Тој рече дека дождовите ја открија опасноста по безбедноста на граѓаните, нивните имоти и објектите околу Вардар која е предизвикана од проектот „Скопје 2014“.
Отстранетиот градежен материјал ќе се однесе во депото на ЈП „Улици и патишта“ во Железара. Акцијата за расчистување на реката Вардар ќе се одвива во строгиот центар на градот, во делот од коритото меѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениот мост, поточно, кај првата галија, каде што е најтесно грлото на реката и постои најголема можност водата да се излее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст