| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во хотел во Берлин, гостите се евакуирани

Во хотелот „Мандала“ во Берлин, Германија, изби пожар. Евакуирани се гостите и персоналот, пренесуваат германските медиуми. Пожарот избил на еден од горните катови на 11 катниот хотел.

Портпаролот на противпожарната служба изјавил дека пожарот избил во 10 часот во просторијата за сауна во хотелот, а потоа брзо се проширил се до покривот.

Педесет пожарникари се наоѓаат на лице место и се обидуваат да го изгаснат огнот. Според информациите, нема повредени. Се уште не се знае причината за пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top