Србинот Марко Миленковиќ, кој веќе дваесет години живее во Барселона отворил ресторан и со името на локалкот го навлекол гневот на локалните жители.
Миленковиќ својот ресторан го нарекол „Ескобар“ според познатиот колумбиски наркобос Пабло Ескобар, но таа негова постапка предизвикала гнев меѓу Колумбијците во Шпанија кои преку друштвените мрежи покренале акција против него.
Угостителот од своја страна тврди дека тој немал намера никого да се навреди, а името на ресторанот било инспирирано од популарната телевизиска серија „Наркос“, која се занимава со животот на познатиот криминалец.
Медиумите во веста за Миленковиќ објавиле и фотографии од декорацијата на ресторанот, во кој се наоѓаат слики од соработниците на Ескобар и познати цитати од колумбискиот „крал на дрогата“.
Марко, пак, тврди дека не сакал да провоцира ниту, пак, да повреди некого.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст