| четврток, 6 декември 2018 |

Камерите го снимиле убиството на момчето во Белград: Убиецот побегнал со автомобил

Полицијата трага по млад маж, висок околу 185 сантиметри, кој во понеделникот во Белград го застрела 37- годишниот Далибор Деспотовиќ, човек со „дебело“ полициско досие.

Камерата од менувачницата пред која е убиен го забележала убиецот, но само во грб, зошто бил свртен. На видеото се гледа моментот во кој е извршено злосторството, а убиецот ноел фармерки, патики и сина јакна, а на главата имал капа.

Според првичните сознанија, убиецот побегнал со автомобил марка „АудиА6“ коој го чекал во близина.

-Тргнале да бегаат , но некаде пред местот Комодраж, на патот имало камион со дупната гума па тргнале кон Лештане. Запалиле молотов коктел кој бил претходно спремен и го запалиле автомобилот.По ова тие побегнале со друг автомобил, а полицијата се сомнева дека има и соучесник- велат од таму.

-Иако го запалиле автомобилот, тој не изгорел целосно, од него се земени отпечатоци,и испратени се на анализа, а според некои сознанија се работи за украден автомобил, вели извор близок на истрагата.

Убиениот Деспотовиќ бил сопственик на две менувачници, а веќе неколку пати е апсен и издржувал казна затвор.

Доаѓал главно навечер за да го собере прометот од девојката која работела во менувачницата, а за него соседите велат дека бил клтурно момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top