Втора победа по ред со хибридниот тркачки автомобил со кватро погон, а дванаесетта победа вкупно за Ауди на трката „24 часа Ле Ман“. Тоа е продолжение на успешната приказна на најважната светска трка во издржливост. Победата ја остварија Дувал од Франција, Кристенсен од Данска и Мекниш од Велика Британија.
Како и што се очекуваше, дванаесеттата победа на брендот со четири прстени на Ле Ман беше една од најтешко извојуваните досега. По промената на правилата кои беа направени кратко пред настанот, трите автомобили „ауди Р18 е-трон кватро“ со едно полнење на резервоарот сега можеа да завртат два круга помалку од нивните ривали. Возачите на Ауди мораа да ги компензираат дополнителните застанувања со најбрзи кругови на патеката, и тоа го направија дури и при неповолни временски услови кои повремено беа исклучително тешки.
Врнежите ја прекинуваа трката во моментите кога таа беше најдинамична. Лошите временски услови резултираа со бројни инциденти, а безбедносното возило се појави вкупно единаесет пати. Повеќе од пет часа се возеше според правилата на „жолтото“ знаме, додека патеката не беше расчистена и додека не беа направени потребните поправки.
Трите автомобили „ауди Р18 е-трон кватро“ беа најбрзите како и најефикасните автомобили во текот на целата трка.

– Дванаесеттата победа за нашиот бренд, ние им ја должиме на нашите инженери, на нивниот конзистентно иновативен дух, на безусловната заложба на целиот тим, како и на вештината и челичните нерви на нашите возачи. Во име на Ауди, искрено им ја честитам победата на сите – изјави Руперт Штадлер, претседател на Управниот одбор на „Ауди“, додавајќи:
– Ова претставува уште еден голем успех за хибридниот систем на Ауди кој повторно доминираше со новите технологии, од кои во иднина нашите клиенти ќе имаат корист. Тука се ЛЕД светлата со матричен сноп, кои ги осветлуваа свиоците во текот на ноќта – што е клучна предност за Ауди на Ле Ман.
Дванаесеттата победа за Ауди на Ле Ман ја однесе автомобилот со број 2 „ауди Р18 е-трон кватро“ управуван од Дувал, Кристенсен и Мекниш, кој ја почна трката од пол-позицијата.
Победничкиот автомобил возеше 24 часа, без и најмал технички проблем. Дувал, Кристенсен и Мекниш го преземаа водството во саботата навечер во 21.43 часот и го задржаа сѐ додека триумфално не ја поминаа целната линија во неделата во 15 часот. Тројцата возачи на Ауси ја постигнаа клучната предност пред второпласираниот уште во раната фаза, а предноста ја одржаа до крај и покрај обилните дождови.
Деведесеттото издание на 24 часа Ле Ман беше засенето од фатална несреќа која се случи кратко откако почна трката кај ГТ класата.
– Очигледно, овој инцидентот ја намали радоста на уште една голема победа на Ле Ман за која нашите тимови и возачи беа под екстремна тензија 24 часа и не направија ниту една грешка – изјави директорот на Ауди моторспорт, д-р Волфганг Улрих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


