Постои консензус во однос на тоа дали треба да преговараме, дали треба да прифатиме некој вид компромис, бидејќи и конзервативната и социјалдемократската влада во одредени моменти прифатиле одредени компромиси, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за грчката телевизија Скај.
Говорејќи за емисијата „Историес“ Шекеринска објаснува дека македонските влади во минатото рекле „да“ за компромис, како на пример името „Република Македонија – Скопје“, а според тоа, таа изрази верување дека кај нас постои консензус во однос на потребата за решение, јавува дописникот на МИА од Атина.
– Фактот дека преговараме некаков вид сложено име со некаков вид на придавки или додавки, покажува дека постојат двоумења, емоции, но и волја да одиме напред, вели Шекеринска, како што објавува ТВ Скај.
Министерката за одбрана, смета дека во последните 25 години, постоеле подобри можности за решение, но секогаш нешто недостасувало.
– За танго се потребни двајца и целосно го разбираме ова. Па така, потребна е вистинска посветеност и од двете страни и, исто така, малку храброст, за работите да одат напред. Навистина верувам дека имаме историја на изгубени можности и мислам дека треба да го искористиме тоа искуство за да кажеме каде сакаме да бидат нашите две земји за 25 години, објаснува министерката за одбрана.
Во истата емисија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека македонската влада е реформаторска и верува дека „во рамки на овие реформи конечно ќе се реши 25-годишниот проблем меѓу Скопје и Атина.“
– Ние сме земја без име, имаме едно привремено име, ПЈРМ. Во пракса се обидуваме конечно да добиеме нормално име со преговорите што се водат, вели Ахмети, како што објави ТВ Скај.
Во однос на тоа дали ДУИ ќе поддржи, доколку се потребни и уставни промени, претседателот на партијата вели дека тие се подготвени да го поддржат процесот до конечно решение.
– Секако, ние го поддржуваме напредокот. Ќе биде големо постигнување, доколку успешно се заврши ова поглавје. Ќе не растовари многу, од нешто што со години ни тежи. Ние сме подготвени. И во минатото сме биле подготвени за да го поддржиме процесот до конечно решение, бидејќи не интересира многу интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, вели Али Ахмети, според грчката телевизија.
Синоќешната епизода од емисијата „Историес“ беше посветена на разговорите за името, а новинарот преку репортажа од Скопје, ги пренесува позициите и на македонските политичари, но и ставовите на младите Македонци во однос на спорот меѓу двете соседни земји.
Новинарот, прави и ретроспектива на најважните настани во македонско-грчките односи и разговорите за името од 90-те години до денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст