| четврток, 6 декември 2018 |

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги, покажува 17. индекс на рационалност, што го изработи Центарот за граѓански комуникации, врз основа на 53 тендери што ги спровеле 48 институции на национално и на локално ниво во 2016 и 2017 година.

Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија.

Летните работни униформи комуналните претпријатија ги купувале по цени од 424 до 2.773 денари, со што највисоката цена е за 554 проценти повисока од најниската, а зимските по цени од 1.124 до 4.602 денари, со што највисоката цена е за 309 проценти повисока од најниската.

Работните обувки – кломпи се купувани по цени од 718 до 2.183 денари, со што највисоката цена е за 204 проценти повисока од најниската.

Одржувањето на хигиената во внатрешните работни површини ги чинела државните институции од 30 до 103 денари за метар квадратен месечно, а највисоката цена е за 243 проценти повисока од најниската цена.

Системите за инфузија се купувани од страна на здравствените институции по цени од 5,78 до 9,98 денари за еден систем, со што највисоката цена е за 73 проценти повисока од најниската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top