| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се одвратните женски навики кои мажите не можат да ги поднесат

Откако ќе помине срамежливата фаза на запознавање, полека почнуваме да се опуштаме пред партнерот. Но, кога опуштеноста ги преминува границите? Неколку мажи во долгогодишна врска откриваат кои се најодвратните навики на нивните партнерки што најмногу им пречеле…

„Стиска мозолчиња на јавни места! На пример, седиме во ресторан, храната пристигнува, а таа зјапа во огледалото до нас и го истиснува гнојот од мозолчињата! Одвратно!“ – Милан, 29.

„Мојата поранешна девојка секогаш ги замотуваше тампоните и влошките во тоалетна хартија и ги оставаше покрај тоалетната шолја или лавабото. Не ми е јасно зошто не можеше да ги фрли во корпа за отпадоци?!“ – Горан, 31

„Најодвратно ми беше кога гласно испушташе гасови.“ – Иван, 26

„Мојата поранешна девојка постојано ги грицкаше ноктите. Тоа отсекогаш ми било одвратно.“ – Димитар, 28

„Навистина го валкаше автомобилот! Оставаше внатре хартија, ѓубре, остатоци од храна… По некое време сето тоа почнуваше да мириса непријатно.“ – Петар, 24

„На лето оди боса каде што ќе стигне! Понекогаш, дури и кога сме во град ги соблекува сандалите и оди боса по кафулиња, продавници… Не ми е јасно како некој може да го прави тоа.“ – Бојан, 27

„Понекогаш не си ги мие рацете откако ќе изврши нужда.“ – Андреј, 30

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top