Дваесет и тригодишниот Д.Р. од Прилеп вчера 20 минути се борел со водата во канал за наводнување за да го спаси својот 59-годишен колега Л.М. од Неготино, кој претходно при трасирање на гасовод, во атарот на селото Шивец, паднал во отворениот канал и почнал да се дави.
Настанот денеска за МИА го потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, кој информираше дека двајцата се вработени во градежното претпријатие „Гранит“ Скопје.
– Вршеле трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот – информираше Додевски.
Двајцата биле пренесени во Општата болница Кавадарци, каде Л.М. бил донесен во тешка општа состојба и по укажаната медицинска помош бил задржан на лекување, додека по извршениот лекарски преглед, Д.Р. бил пуштен на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст