Ханиф Бали е член на шведскиот парламент. Освен по годините, 30-годишниот Бали се истакнува и по уште една необична работа. Тој е многу критичен кон масовната имиграција во оваа скандинавска земја, позната по добриот животен стандард, но и по својата прогресивна и мултикултурална политика. Тоа не би било чудно доколку Бали, како што неговото име сугерира, и самиот не е доселеник.
Бали дошол во Шведска од родниот Иран како 3-годишно дете на политички активист, кое било пратено во Европа од страв за неговата безбедност. Бали таму добил азил и поголем дел од детството минал со различни старатели. Политички се ангажирал веќе на 16 години, а денес е пратеник на Умерената партија, која се наоѓа на десниот центар. На нивната листа прв пат се појавил на изборите во 2010. година, како најмлад кандидат на таа партија.
Бали станал неочекувана ѕвезда меѓу шведските десничари. Дека неговиот публицитет ги минал и границите на Шведска, сведочи и прилогот кој „Би-би-си“ го снимил за него.
– Би требало да се оддалечиме од овој шверцерски систем на азил кој го имаме сега. Околу 85 проценти од азилантите се мажи, кои го минуваат Медитеранот. Владата која себеси се нарекува феминистичка и која се нарекува хуманитарна суперсила, всушност им порачува на луѓето: “Сите сте добредојдени, но само ако имате пари да им платите на шверцерите, ако сте силен и млад маж и ако сте жена омажена за силен и млад маж – вели Бали, кој има повеќе следбеници на Твитер од шведскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст