| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени при судар на две возила во Скопје

Четири лица, од кои еден потешко, се повредени во сообраќајката што вчера попладне се случи на раскрсницата меѓу булеварот „Словенија“ и Качанички пат.

До сообраќајката дошло при судир меѓу „Ауди“, со косовски регистерски таблички, управувано од 44-годишниот С.А., и „Фолксваген Бора“, управувано од 30-годишниот Б.И. од Скопје.

Потешко повреден е сопатникот во „Ауди-то“, И.А. (1968) од Косово, кој е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка опасност.

Повредени се и возачот на аудито и возачот и сопатникот на „Бора-та“. Возачот Б.И. и сопатникот Х.Ф. (1992) се пренесени во Универзитетската клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“, а возачот на „Ауди-то“ е пренесен во ГОБ „8 Септември“, по што е препратен на Ургентниот центар, а потоа пуштен на домашно лекување.

При вадење на повредените интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

За несреќата известен е јавен обвинител, а увид на местото направила увидна екипа од СВР Скопје.

Се утврдуваат причините кои довеле до несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top