Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон оствари работна средба со Метхју Палмер, Заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот, информираат од Центарот за комуникации на партијата.
На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.
На средбата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуeлната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Република Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актеулната владејачка коалиција. Мицкоски на средбата нагласи дека е потребна одговорност за таквото однесување, на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Палмер истакнал дека Република Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето на односи базирани на силна доверба и взаемна почит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи