| четврток, 6 декември 2018 |

Резултати, па членство: Македонија во ЕУ до 2019 година

Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија се официјални кандидати за членство во ЕУ, додека Босна и Косово бараат ист статус

Стратегијата на ЕК за Западен Балкан презентирана вчера во Стразбур ги потврди европерспективите на сите шест земји од регионот. Можност во 2025-та некои од нив да станат членки на ЕУ, постои, но услов за тоа е лидерите во регионот да преземат итни дејствија во контекст на спроведување одржливи реформи и да бидат решени билатералните спорови.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која беше презентирана Стратегијата, рече дека Западен Балкан географски е дел од Европската унија, дели иста историја и ќе делиме заедничка иднина во рамки на Европската унија. Могорини верува дека во иднина Европската унија нема да биде составена од 27 земји, туку со повеќе земји-членки. Таа очекува напредок во односите со шест земји од Западен Балкан до 2019 година. Според неа, ЕУ е заинтересирана за Западен Балкан да стане дел од европското семејство заради безбедност и економичност.

Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија се официјални кандидати за членство во ЕУ, додека Босна и Косово бараат ист статус.

Стратегијата дава заеднички конкретни перспективи за ЕУ-интеграција на секој од шестте партнери, врз основа на заслуги и процеси кои се познати. Јасно е дека потребата од реформи постои за луѓето да ги имаат и уживаат истите права и стандарди како и жителите на ЕУ. Лидерите и луѓето на Балканот направија јасен избор за членство во ЕУ, секоја со свое темпо и време, но со јасна цел. Денеска ние го правиме истото, им кажуваме дека и нашиот избор е ист и перспективата е јасна, рече Могерини.

Посочи дека датумот 2025 година не е краен рок, туку цел и реална перспектива за затворање на целиот процес за сите кои имаат почнато и тие кои во блиска идина ќе ги почнат преговорите.

Да го внесеме Западен Балкан во ЕУ не во некоја далечна иднина, туку нашата генерација. Следните месеци ќе бидат интензивни и амбициозни и се надевам дека следните месеци ќе ги паметиме како пресвртница и клучни за ЕУ. Бројот на членки не е врзан за бројот 27 и може да биде поголем, рече Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top