| четврток, 6 декември 2018 |

Заев пред Жбогар се обврза дека ќе го смени името

Подготвени сме за географска одредница, изјави вечерва на прес-конференција македонскиот премиер Зоран Заев посочувајќи дека прашање за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.

Сакам нашите граѓани да знаат и граѓаните од соседна Грција да знаат, но сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа е секогаш тука дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на заедничката прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Истовремено, додаде тој, „заедно, секоја можна идеја, која што ќе доведе до решението, дали е драфт верзија на меѓународен договор што ќе го официјализира она што е поприлично решено, според мене, симболите МК, МКД и слично, а другото би било основа да се продолжи процесот на ОН преку господинот Метју Нимиц, користејќи ги сите билатерални средби, меѓу мене и премиерот Алексис Ципрас, помеѓу министерот Димитров и министерот Коѕијас“.

– Се што може да помогне кон изнаоѓање на решение треба да го искористиме. Ние јавно ги коментираме сите настани и јавно сме позиционирани. Дискутираме и внатрешно помеѓу институциите и политичките партии, а истовремено сме фокусирани на суштествени чекори кои ќе доведат конечно до решавање на овој чуствителен проблем во интерес на двете земји во преговарачкиот процес, рече Заев на прес-конференцијата. (МИА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top