| четврток, 6 декември 2018 |

На Македонија и се заканува зголемување на невработеноста?

Во некои земји челниците со силни чекори во економијата, меѓу кои и сериозно намалување на даноците, ја засилуваат економијата. Тука спаѓа и американскиот претседател Доналд Трамп. Тој само за една година со неколку прецизни чекори, како и намалување на даноците, толку многу ја зајакна економијата, што Америка има најниска невработеност во последните 45 години.

Во исто време во Македонија се случува спротивното, иако претходно се работеше на ваков начин. Во последниве осум месеци владата ништо не прави за економијата, и во овие 8 медеци јава на коњот на инерцијата од политиките од претходната влада по однос на невработеноста.

Но, фактот што веќе два квартали по ред имаме рецесија, прашање на време е уште колку време ќе се издржи да непочне тренд на повторен раст на невработеноста.

Странските компании кои ги донесе претходната влада, дури сега дојдоа до периодот кога им беа планирани најмногу нови вработувања. Намалените даноци од владата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро како што најави СДСМ ќе ги зголемува, а веќе почна со акцизата и најави намалувањето на прагот на ддв обврзници и со ова си игра топло-ладно.
Некои економисти велат дека целиот погром во економијата нема да доведе до ново нејзино зголемување барем уште две години, а можеби и три, заради претходно донесените фабрики кои во овој период го реализираст планот за вработување, но истовремено ќе изостане ново посериозно намалување на невработеноста бидејки нема нови инвеститори кои новата влада ги носи, ниту пак владата сериозно работи да има повеќе нови инвестиции.

Она што повеќе загрижува е што нема сериозен комплетиран тим за таква активност. Никола Груевски, Владимир Пешевски, Зоран Ставрески, и остантите секој ден се бореа да убедат некој инвеститор да отвори нови работни места во државава.

СДСМ пак се борат секој ден истиве да се во суд и по можност да ги осудат, за да можат полесно да го сменат името и националниот идентит, а ако Грција заради несакањето воопшто да го реши спорот успее во својата намера, тогаш набрзина претсавувајќи се дека се бореле за името, можат да отидат на предвремени избори и да добијат колку толку додека целосно не им падне рејтингот, кој секојдневно оди надолу .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top