| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во центарот на Белград: Син го убил таткото со 15 убоди

Во самиот центар на Белград син го убил својот татко Б.Љ. (79), јавуваат српските медиуми. Според првичните информации, пронајдено е тело со повеќе од 15 убоди и пределот на градите и грбот.

Осомничениот за овој настан е неговиот син Р.Љ. (37), кој по убиството повикал пријател и му кажал што се случило.

Според неофицијалните информации, осомничениот е наркоман на лекување и тој бил уапсен во станот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top