| четврток, 6 декември 2018 |

Грабеж во Шпаркасе Банка

Во Кичево денеска е ограбена филијала на Шпаркасе банка, лоцирана на главниот булевар на 50 метри од центарот на градот.

Полицијата приведе едно лице за кое се смета дека е поврзано со грабежот што се случи попладне околу 14 часот во филијала на „Шпаркасе банка“ во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

При претрес на приведениот е пронајдена одредена сума пари, рече Димоски.

Ова е втор грабеж на филијалата на „Шпаркасе“ во Кичево за неколку недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top