Во 2010 година во Македонија од рак умреле 3.705 лица, а во 2016 година бројот на починати е зголемен на 3.882 лица. Мажите двапати почесто почесто умираат од карциноми. Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи околу 65 починати на 100.000 мажи годишно. Кај жените најчеста причина за смрт е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи околу 30 на 100.000 жени.
Овие податоци денеска ги соопшти директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети по повод 4 февруари, Светскиот ден на борбата против ракот.
„На Светскиот ден на ракот, имаме можност колективно да ги анализираме стратегиите за контрола на ракот за да ги идентификуваме победничките формули кои ќе го забрзаат напредокот. Целта на сите нас е што помалку луѓе да развијат рак, повеќе луѓе успешно да бидат третирани и да се обезбеди подобар квалитет на живот на луѓето во текот на третманот и подоцна во текот на животот“, рече Мемети.
Тој информира дека продолжува тригодишната кампања 2016-2018 за одбележување на Светскиот ден на борбата против ракот која се одржува под мотото „Ние можеме. Јас можам“ и истражува како секој – како колектив или како поединец – може да го даде својот придонес за да се намали глобалниот товар од ракот.
Ракот во моментот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво. Секоја година кај повеќе од 14 милиони луѓе се дијагностицира рак, и оваа бројка се очекува да се зголеми на повеќе од 21 милиони до 2030 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


