| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани бараат да сопре изградбата на Алипашината џамија

Здружениeто на граѓани „Совест“ од Охрид бара кончено стопирање на изградбата на Алипашината џамија во градот. Оттаму велат дека и покрај нивните укажувања, надлежните институции инволвирани во градежните работи, продолжуваат со својот молк и непреземање на соодветни акции, со што стануваат соучеснци во опасни криминални активности.

„Наместо реставрација и конзервациаја, на локалитетот во најстрогиот центар на Охрид се извршуваат градежни рааботи, а за нив нема дозвола од ниедна институција. Актуелниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека министерствто ќе ги прекине градежните работи, до овој момент не презеде ништо за тоа реално да се оствари. Оваа неактивност на министерот зачудува, бидејќи и тој има информации дека со големи количества бетон се покриваат остатоци на темели на ранохристијанска црква и базилика со значајни мозаици“, посочуваат од „Совест“.

Здружението најави дека ќе поднесе соодветни кривични пријави, а ќе побара и решение за привремено стопирање на градежните работи и инспекциска акција, со цел да ги утврдат пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top