| четврток, 6 декември 2018 |

Во оваа држава поради цигара на плажа се оди во затвор

Властите во Тајланд објавија дека им објавуваат војна на цигарите соопштивајќи дека е забрането пушење и фрлање ѓубре на плажите во текот на 24 часа. Ова поради големиот смер и отпушоци од цигари кои ги има на плажите на оваа тропска земја.

Забраната се однесува на најпознатите туристички дестинации како јужниот остров Кох Тао и плажата Патонг и Хуе Хин на југозапад на државата.

Само на Патонг месечно се наоѓаат 140 илјади отпушоци кои сочинуваат 30 итсто од сметот на плажата. Секоја туристичка точка ќе добие одвоени зони за пушачите, а оние кои нема да ја почитуваат забраната, им следи казна од 3.190 долари и максимална затворска казна од една година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top