Руската Централна изборна комисија денеска го регистрираше претседателот Владимир Путин како кандидат на следните претседателски избори закажани за 18 март.
Путин на овие избори се кандидира како самостоен кандидат, за регистрација му беа неопходни најмалку 300.000 избирачки потписи, а тој успеа да собере 1, 6 милиони.
Централната изборна комисија претходно ги регистрираше како кандидати на претседателските избори лидерот на Либерално демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, и кандидатот на Комунистичката партија на Русија, Павел Грудинин.
Уште петмина кандидати се очекува да се регистрираат – Ксенија Собчак, Максим Сурајкин, Григориј Јаблински, Сергеј Бабурин и Борис Титов.
Според неодамнешните резултати на анкетите, Путин ќе освои околу 70 проценти од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст