
Врвното турско религиско тело по којзнае кој пат предизвика жестока дебата (повеќе контроверза отколку дебата), овојпат затоа што практично тие што јадат со лева рака ги нарече „демони“.
Tаквото тврдење стои во делот за често поставувани прашања на официјалниот сајт на Дијанет – турскиот Директорат за религиски прашања.
„Воспоставувајќи ги основните принципи при јадењето и пиењето, пророкот Мухамед не го сметал јадењето со лева рака за пријатно“, се вели во еден од одговорите наведени од религиското авторитетно тело.
„Навистина, тој (Мухамед) му придава голема важност на ова прашање и ги предупредува луѓето дека демоните јадат и пијат со лева рака. Затоа советува децата да ја користат десната рака кога јадат и пијат… … Должност на секој муслиман е да се придржува до советите и препораките на Пророкот кога се работи за јадење и пиење со десна рака“, стои на сајтот.
Исклучок се луѓето со физички хендикеп, се наведува во одговорот. Дијанет e државно тело, но фатвите (интерпретации на исламските правила) и едиктите што ги издава немаат легална моќ. Сепак, и покрај сите заложби во минатото на Турција кон секуларизам, влијанието на Директоратот значително порасна во
последните години, исто како и неговиот буџет, кој под владеењето на Реџеп Таип Ердоган се зголеми за речиси четири пати.

Оттаму, разбирливо е зошто се крева паника кога Дијанет изнесува вакви тврдења, цитирани од исламскиот учител Мухамад ал-Букари од 8 век, кој живеел во време кога луѓето јаделе со раце и пред да се рашири употребата на прибор за јадење како ножеви и виљушки.

За волја на вистината, во некои општества, како во дел од турското и индиското, традиционално се избегнува јадењето со лева рака, но поради хигиенски причини – бидејќи левата рака се користи и кога се оди во тоалет. Сепак, има разлика меѓу тоа да речеш дека „не јади со лева, не е хигиенски“ и „не јади со лева, демоните јадат со лева“. Но, како што рековме, ова не е првпат Дијанет да предизвикува контроверзи во последниве месеци (што е уште еден знак за растот на неговово влијание). Во јануари практично даде амин дека момчиња можат да влегуваат во брак на возраст од 12, а девојчиња на возраст од 9 години. Тоа предизвика жестока реакција во јавноста, што предизвика истрага по прашањето на детски бракови во Турција, како и во самиот Директорат. На крајот Дијанет го повлече тврдењето од религиозниот речник на својот вебсајт, одрекувајќи дека промовира детски бракови (кои во Турција се забранети) и правдајќи се дека само го интерпретирале исламското право. Претходно, пак, во декември, предупреди дека секој сопруг што ќе ѝ каже на сопругата дека е слична со негова женска роднина (мајка или сестра), автоматски треба да се смета за разведен од неговата сопруга, пренесува РТ.

Настрана обичните животи, Дијанет неодамна се замеша и во финансии и хај-тек. Ги забрани криптовалутите и операциите со криптовалути. Не биле во согласност со исламот, се разбира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


