| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Се преговара за идентитетот, јазикот и Уставот

Грчката влада презеде одговорност да каже јавно дека сака промена на името и дека ова име ќе биде сложено за сите употреби со конкретна одредница и излеговме јавно и кажавме дека во ова име ќе биде вклучен и терминот „Македонија“.

-Ние си ја завршивме нашата работа. Уште чекаме од Скопје конечно да излезе јавно да каже во ова сложено име која ќе биде придавката пред именката и да го опишат тоа пред нивниот народ, вели Никос Коѕијас во интервју за „Еуроњуз“.

Тој додава дека она за што се согласија двајцата премиери важи за сите и открива дека освен за промена на името се преговаа за идентитетот, јазикот како и за промена на Уставот.

-Промената на уставното име на Македонија е важна можност за меѓународните договори кои ќе се склучат да се совпаднат со самиот Устав, бидејќи други сили можат да дојдат подоцна и да го обвинат тековното раководство со тоа што го прекршуваат Уставот правејќи меѓународен договор со нас, рече Коѕијас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top