| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Блажески шеф на Кабинетот на Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче го доекипира својот кабинет откако пред три месеци седна на министерското столче.

Шеф на неговиот кабиент ќе биде Дејан Блажески, кој има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје и е магистер за јавни здравствени системи. Претходно бил портпарол на централниот штаб на Либерално демократската партија во Охрид. Блажески доаѓа на работа во Министерството за здравство по доаѓањето на Филипче за министер, потврдуваат од Минитерството за Фокус.

Освен него, во кабинетот на Филипче ќе биде и Ангелина Бачановиќ, која по професија е правник. Таа е најдолго вработена во Министерството за здравство. Советник на Филипче во Кабинетот ќе биде Билјана Танеска, која во ресорното министерство е дојдена пред неколку недели, односно по стапувањето на Филипче на новата функција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top