| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот парламент денеска одлучува: Летното сметање на времето оди во историјата?

Европскиот парламент денес ќе одлучува за тоа дали летното сметање на времето треба да биде укинато.

Ова доаѓа по бројните реакции и граѓански иницијативи кои воглавно се насочени кон загриженоста за човековото здравје од ефектите од промената на начинот на сметање на времето кое настапува два пати годишно.

Комисијата за транспорт во Европскиот парламент подготви предлог-резолуција со која се предлага запирање на таквата пракса.

Овој предлог наидува на поддршка најмногу од балтичките и скандинавските земји.

„Пролетните и есенските промени во земјите-членки на ЕУ се регулирани со директивата на ЕУ за летно сметање на времето. Треба да се одржува единствен временски режим во ЕУ, дури и ако се укинат промените на часот“, се вели во текстот.

Се очекува европарламентарците да ја повикаат Европската комисија да предложи укинување на летното сметање на времето.

извор: вработување.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top