Општините од југоистокот заеднички ќе го решаваат проблемот со кучињата скитници. Извештаите од сите десет општини покажале дека дури 40% од проблемите кои граѓаните ги пријавуваат до локалните власти се поврзани со бездомите животни. Токму затоа овој проблем градоначалниците од регионот го утврдија како прв приоритет за решавање. За таа цел веќе е донесена и одлука за изградба на две прифатилишта во кои ќе се згрижуваат бездомните животни и кои треба да го покријат целиот Југоисточен плански регион.
“Со едното прифатилиште кое ќе биде изградено во Струмица ќе биде покриен струмичкиот микрорегион и општините Радовиш и Конче, а додека прифатилиштето што ќе биде изградено во Гевгелија ќе ги покрие општините Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово”, вели Жулиета Ѓуркова – раководител на центар за развој на ЈИ регион.
За реализација на проектот ќе биде склучен договор за меѓуопштинска соработка и формирано заедничко претпријатие кое ќе стопанисува и управува со двете прифатилишта.
“Во секое ќе има по 40 боксови за бездомните кучиња и ќе бидат набавени две транспортни возила и две транспортни приколки за пренесување на животните”, вели Ѓуркова.
Целиот проект кој треба да биде готов до крајот на годината ќе чини 20 милиони денари од кои 12 милиони се побарани од бирото за регионален развој, додека останатите 8 се кофинансирање од општинските буџети.
Подготовката на проектната документација и идејниот проект се работени во соработка со агенцијата за храна и ветеринарство со цел исполнување на сите неопходни услови согласно правилникот за прифатилишта на бездомни животни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст