Полицијата од Орландо издала соопштение во кое пишува дека маж на возраст од 43 години е уапсен откако е откриено дека „ќе се обиде да ја киднапира пејачката Лана Дел Реј по концертот“.
Лана Дел Реј настапувала во Амвеј центарот во Орландо, Флорида во петокот вечерта, кога Мајкл Хант планирал да ја киднапира. Полицијата добила дојава дека вооружен маж планира киднапирање и набрзо го уапсила.
Кај него се пронајдени карти за концертот на Лана и нож.
„УАПСЕН: Мајкл Хант -поради следење, обид за киднапирање и носење оружје. Полицијата прими дојава дека Хант претставува опасност и го уапси пред да и се приближи на пејачката Лана Дел Реј, вистинското име Елизабет Вулриџ Грант“, стои на Твитер страницата на полицијата во Орландо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст