| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларна кражба на Бихаќка: oд стан украдени половина милион евра

sef pari

Непознат крадец или крадци ја имале најисплатливата кражба годинава – од стан на улица Бихаќка во Скопје украле сеф во која имало евра, долари и злато во вкулпна вредност од 550.000 евра.

Според МВР М.М.(57) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 23.6.2013 година, на улица Бихаќка, непознат сторител, со употреба на соодветен предмет извршил тешка кражба во неговиот стан, од каде што одзел метален сеф во кој имало околу 500.000 евра, 50.000 долари, поголема количина разновиден златен накит и документација и причинил материјална штета во вкупен износ од околу 33.580.000 денари. Извршен е увид на местото на настанот и  се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top