| четврток, 6 декември 2018 |

Американската економија во хаос: Волстрит падна на најниско ниво од 2011

На Волстрит во понеделникот индексите на Dow Jones и S&P 500 паднаа за повеќе од 4 отсто, најголема дневна загуба во последните шест години, а во еден момент Dow Jones беше во минус скоро 1.600 поени, што е најмногу во историјата.

Dow Jones заврши со загуба од 1.175 поени, или 4,60 отсто, на 24.345 поени, додека S&P 500 падна за 4,10 отсто на 2.648 поени, додека Nasdaq Composite индексот 3,78 отсто, на 6.967 поени.

Во сите 11 најважни сектори на индексот на S&P 500 цените на акциите остро паднаа вчера, а најголеми загуби се евидентирани во финансискиот, здравствениот и индустрискиот сектор

Падот на Dow Jones и S&P 500 индексот за повеќе од 4 отсто во еден ден не е забележан од август 2011 година, кога пазарите беа под притисок од должничката криза во еврозоната и надолниот рејтинг на САД.

Вчера забележаа пад цените на сите 30 акции од составот на Dow Jones, која во еден момент беше минус од 6.3 проценти, или речиси 1.600 поени, а таков пад во еден ден не е виден досега.

Остриот пад на овие индекси е последица на стравувањата на инвеститорите од инфлацијата и каматните стапки. Веќе минатата недела цените на акциите паднаа остро откако беа објавени податоци за силен раст на вработеноста и платите во САД.

Тоа, всушност би може да го стимулира растот на потрошувачката, а со тоа и на инфлацијата, што може да доведе на американската централна банка да го забрза темпото на зголемување на основната каматна стапка.

ФЕД минатата година ги зголеми клучните каматни стапки три пати за 0,25 процентни поени, а се очекува дека оваа година дополнително ќе ги зголеми каматните стапки со два до три пати, почнувајќи од март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top