Откако откри дека скоро загинала на снимањето на „Убиј го Бил“ во 2002 година, Ума Турман на Инстаграм објави и’ снимка од несреќата.
На снимката се обидува да го контролира автомобилот, но од патот се залетува во дрво. После ударот останува да лежи на седиштето, додека членови од екипата не ја извлечат од автомобилот. Иако „околностите на настанот биле непримерени до ниво на злостор“, пишува Ума, но не верува дека имало лоша намера.
Таа не го обвинува режисерот Квентин Тарантино за несреќата, но го обвинува Харви Вајнстајн дека се’ сакал да прикрие.
-Квентин Тарантино жалеше поради се и ми даде снимка за да можам ’да ги раскринкам’ иако овозможи да не се спроведе правдата. Ми ја даде снимката свесен дека тоа би можело да му наштети и се гордеам со неговата храброст. Криењето на ова е неприфатливо. Виновни се Лоренс Бендер, Е. Бенет Волш и злогласниот Харви Вајнстајн кој лажеше, ги уништи доказите и продолжи да лаже за штетата која ова ја предизвика, напишала Турман.
Актерката несреќата ја опишала во написот во The New York Times во саботата. Снимката Трантино не сакал да и ја даде 15 години и дури неодамна се согласил на тоа. Рекла дека во првите моменти после несреќта мислела дека е парализирана и го молела Тарантино да не снимаат.
-Дојде во мојата приколка и како секој режисер не сакаше да слушне не. Беше бесен бидејќи му одземав време. Бев уплашена. Ми рече дека автомобилот е добар и дека ќе возам по рамен пат.’Удри со 60. километри на час или косата нема да ти лета на вистински начин и ќе мораш повторно да снимаш’. Но, седнав во кутија на смртта. Седиштето не беше прицврстено, а патот не беше рамен, опишува таа.
-После излегувањето од болница носев крагна за вратот, колената ми беа повредени и на главата имав оток во големина на јајце“ додава лутата Ума.
Таа исто така го обвини Вајнстајн дека сексуално ја злоставувал во 2002 година во Мексико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст