| четврток, 6 декември 2018 |

ИЈЗ ќе презентира податоци за смртноста од малигни заболувања

Податоци за смртноста од малигни заболувања во Република Македонија во период од 2010 до 2016 година ќе презентира денеска Инстутутот за јавно здравје на Република Македонија.

Институтот денеска најави и презентирање на препораки за превенција од Интернационалната унија за превенција на рак.

Овие податоци Институтот ќе ги презентира по повод 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот, кој годинава се одбележува под мотото: „Ние можеме. Јас можам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top