Во европската стратегија за проширување на Западен Балкан, која треба да биде претставена утре, Европската комисија бара нормализирање на односите помеѓу Србија и Косово како единствен пат кон интеграција во Европската Унија.
Електронското издание на „Газета експрес“ пишува дека Унијата ќе побара од Србија да потпише правно обврзувачки документ, според кој доколку стане членка на ЕУ, нема да го блокира потенцијалното членство на Косово во Унијата, но и нема да биде обврзана да ја признае неговата независност.
Стратегијата наводно забележува дека без ефективна и меѓусебна нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, преку дијалог под покровителство на ЕУ, не може да има стабилност во регионот.
„Итно и клучно е постигнувањето правно обврзувачки договор кој ќе им овозможи на Србија и Косово да го продолжат својот европски пат. Косово ќе има корист од конечниот договор со Србија“, се вели во документот.
Во оваа стратегија ЕУ се фокусира на иницијативи насочени кон помирување меѓу земјите во регионот.
„Поддршката за Меѓународниот кривичен трибунал и специјалниот суд во Косово ќе продолжат“, стои во документот.
Весникот заклучува дека, според стратегијата, патот на Косово кон ЕУ засега се чини комплициран. Претхоно беше објавено дека за Косово нема стратегија и се споменува единствено во контекст на односите со Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст