Разрешени се директорите на две скопски клиники. Директорската функција на Клиниката за уво нос и грло е сменета Габриела Копачева – Барсова, а на нејзино место е назначен Јане Нетков, лекарот кој во време на министерувањето на Таравари беше назначен, па веднаш потоа сменет со образложение дека настанал превид.
Од директорската функција на Клиниката за детска хирургија е сменет Ристо Симеонов, а на негово место е назначен Лазар Тодоровиќ. Дознаваме дека оставка на директорското место на Клиниката за рентгенологија и радиологија си дала Елизабета Стојовска, а на нејзино место се уште нема назначено нов директор. НОВА ја праша Копачева-Барсова дали добила образложение зошто е сменета, но таа не знаеше зошто е сменета.
–Не знам зошто сум сменета, а сакам да знам. Решението го добив во 14 часот и 15 минути без никакво образложение, вели Копачева Барсова за Нова ТВ.
Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди информацијата за смените на овие две клиники.
– Потребно беше освежување, а на овие вд. директори им истече мандатот деновиве, изјави министерот Филипче за Нова.
Филипче нагласил дека нема да има други кадровски смени освен на клиниките каде што имало директори од Алијансата на Албанците. Тоа се клиниките за очни болести, кардиологија и стоматологија каде што се уште не се назначени нови директори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст