| четврток, 6 декември 2018 |

Говорникот од протестот во Атина во Скопје: Теодоракис во 1997 година настапи со Македонската филхармонија (видео)

Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис кој вчера беше еден од говорниците на протестот во Атина пред 21 година настапи заедно со Македонската филхармонија во Скопје. Неговото најпознато дело „Гркот Зорба” во 1997 година беше изведено во тогашниот Македонски народен театар, денешна Македонска опера и балет.

На неговите изјави против нашата држава за спорот со името реагираше и познатиот македонски тенор и еден од најафирмираните македонски оперски пејачи Благој Нацоски кој во својата порака му вели на Теодоракис дека „кога диригирал со двата македонски национални оркестри и хор, немал замерка дека настапува во Македонија“.

Дел од тој концерт и денеска е достапен на музичкиот канал Јутјуб:

Теодоракис освен заканувачките пораки кои ги доби за своите изјави и вандалските напади врз неговата куќа, беше критикуван и од градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за неговите националистички излагања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top