Македонија е бугарска и Грците немаат никаква основа да ги прават тие протести. Тие се окупатори таму, вели бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Според Џамбаски во Егејска Македонија луѓето зборуваат бугарски јазик и нивното потекло исто така, но и дека грците таму се дојденци од Мала Азија.
– Модерната грчка држава се појавува на Балканот 12 и 13 година во договор со Србија. Тие територии кои тие тогаш ги окупираа и продолжуваат да ги држат под окупација и денес, како Беломорието, таму нема никаков сомнеж какво е потеклото на населението. И сега ако отиде и се прошетате во села како Шестево, како Апоскеп и тоа зборувам за Костур. Костур е длабоко во Беломорието, Лерин, Воден и отидете во тие села ќе слушнете како зборуваат луѓето на наш јазик. Наш јазик, јазик со кој ние со вас се разбираме, изјави Џамбаски.
Џамбаски вели дека луѓето од Егејска Македонија зборуваат бугарски јазик.
– Кога зборувате со нив, тие зборуваат на наш јазик и кога ги прашате, имали Маџири, Маџири од турски превод значи бегалци, преселници од Мала Азија, кои доаѓаат по војната меѓу Грција и Труција во 20 години од минатиот век. Оттука е многу јасно какво е населението во Македонија и многу е јасно какво им е потеклото. Проблемот кој продолжува да се разгорува во Грција е ехо од договорот меѓу Србија и Грција од 12 и 13 година, рече Џамбаски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст