Продолжувам со мирна совест и одговорност да преговарам за доброто на татковината, напиша шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на својот Twitter профил по протестот на плоштадот Синтагма во Атина насловен „Македонија е грчка“.
Коѕијас протестот го оцени какао неуспешен, а со сличен став излегоа и од кабинетот на грчкиот премиер Ципрас од каде што наведуваат дека најавуваниот „земјотрес“ и милионите демонстранти останале само желба на Самарас и Мицотакис.
„Мнозинството граѓани кои останаа пред телевизорите се согласуваат дека надворешно-политичките прашања не треба да се решаваат со фанатизам и нетолеранција“, стои во соопштението.
Од вчерашниот протест во Атина беше упатена резолуција, која организаторите најавија дека ќе ја достават до претседателот на државата, премиерот и до грчкиот Парламент, и тоа да се исклучи секаква можност за користење на грчкото име Македонија и изведените зборови, кое е еднакво со името Грција и е нераскинлив елемент од националниот идентитет.
Според организаторите на протестот, имало повеќе од милион граѓани собрани од целата држава, додека според официјалните бројки од полицијата, немало повеќе од 14.000 демонстранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст