Улиците во Куманово ќе се прскаат за да се намали аерозагадувањето, информираа денеска од одделението за односи со јавност на кумановската општина.
Прскањето на улиците ќе почне од утре и ќе го спроведуваат општинските служби во соработка со факултетите за земјоделски науки и храна и за информатички и комуникациски технологии, како дел од мерките кои се преземаат за намалување на аерозагадувањето на градот. Прскањето ќе се врши во ноќните часови, од 20 до 01 часот по полноќ.
– Атонизер со кој ќе се спроведува методата ќе биде сместен во приколка од трактор и ќе биде придружувано од возило од МВР, при прскањето на улиците. Со оваа метода ќе се врши зафаќање на ПМ10 честички кои се таложат на улиците, се наведува во соопштението од општина Куманово.
Стручните лица ќе се извршат мерење на концентрација на ПМ10 честички пред и по прскањето и ќе се изврши анализа на резултатите кои ќе бидат презентирани пред пошироката јавност Доколку оваа метода се покаже како успешна, велат од општина Куманово, таа ќе се применува и во иднина во рамки на акцискиот план за намалување на аерозагадувањето кој опфаќа сет на мерки, меѓу кои и субвенции за приклучување на гасоводна мрежа, засадување садници, инспекциски надзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст