| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на театарската претстава „Ужегнатост“ во продукција на „Антропија“

По „Да го поздравиш и да ми го бациш“ и „Експеримент“, „Ужегнатост“ е трета театарска претстава во продукција на „Артопија“ – Скопје.

Претставата е работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на ладимир Милчин.

Премиерата е закажана на 7 февруари во Детскиот театарски центар – Стара Чаршија во Скопје, со почеток во 21 часот.

Иако текстот е напишан во Чешка, во текот на минатиот век, сличностите и компарациите со одредени појави кои го „мачат“ општеството денес се очигледни.

Во претставата играат:  Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Мартин Јорданоски.  Сценографија е на Крсте С. Џидров, к остимографија на Марија Пупучевска и Бранкица Јордановска, а преводот од чешки и адаптацијата е на Ема Маркоска Милчин.

Секое време, си носи свое бреме… секој политички систем, си носи свои маани и предности… но постојат негативни општествени појави, човечко однесување и реакции, кои се провлекуваат низ сите периоди на човековото постоење, а посебно се потенцираат во системи и ситуации на режимско владеење.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top