Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Ватикан ќе има средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Ова е прва посета на турски претседател на Ватикан по речиси 60 години. Последна посета оствари турскиот претседател Џељал Бајар, кој во Ватикан се сретна со папата Јован Дваесет и трети во април 1960 година, кога Турција воспостави дипломатски односи со Ватикан, а во 1962 година ја отвори и својата амбасада во Светата столица.
Турција оттогаш ја посетија неколку поглавари на Римокатоличката црква – во 1967 година во земјата допатува папата Павле Шести, во 1979 година папата Јован Павле Втори, во 2006 година папата Бенедикт Шеснаесетти, а во 2014 година – папата Франциск.
Ердоган синоќа допатува во Италија, во 24-часовна посета.
По официјалната посета на Ватикан, Ердоган во Рим ќе има и работен ручек со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и средба со шефот на италијанската Влада, Паоло Џентилони.
За време на посетата на Ердоган, во центарот на Рим има засилени безбедносни мерки, ангажирани се околу 3.500 полицајци, а забрането е одржување протести.
Канцеларијата за односи со јавност на турскиот претседател соопшти дека главни теми на средбата на Ердоган со папата ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим, состојбата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот и борбата против тероризмот.
Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст