40 годишен охриѓанец ја тепал сопругата, ја турнал по скали и и се заканал со убиство.Насилникот заработил кривична пријава.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,загрозување на сигурноста при семејно насилство”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (40) од Охрид. Тој,казненото дело го сторил во текот на мај и декември минатата година со психичко и физичко малтретирање на неговата сопруга. При семејна вербална расправија случена на четврти декември минатата година,пријавениот и упатил сериозни закани на сопругата по што ја турнал по скалите во семејната зграда каде што живееле. Притоа, Ј.К. продолжил да и се заканува со убиство доколку веднаш не го напушти семејниот дом.
Семејното насилство веќе има галопирачки размери и претставува проблем што, институциите по се изгледа тешко го решаваат. Статистиките покажуваат дека најчести жртви на семејното насилство се жените-брачниот или интимниот партнер но и мајки и сестри, врз кои, својот бес и нервоза, мажите го искажуваат на најразлични насилни форми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


