Петмина мигранти од кои тројца Курди и двајца Сиријци, вчера полицијата открила во возило управувано од скопјанец во близина на село Речица. На возачот му е одреден триесетдневен притвор.
Според полицијата во близина на село Речица, полициски службеници од ПС Белановце при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблици, управувано од И.Б.(36) од Скопје, пронашле тројца Курди А.М.(26), С.К.(35) и Д.Ф.(26) и двајца Сиријци А.А.А.(27) и М.К.А.(18).
Тие заедно со возачот се приведени во Полициска станица. Од страна на Основен суд – Скопје на И.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст