СДСМ почна да реди послушни, партиски и идеолошки многу блиски судии да делат правда политички, а не врз основа на аргументи. Судијата Огнен Ставрев, кој важи за близок до СДСМ е нов судија за предметот „ТНТ“ за уривањето на дивоградбата-комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.
Огнен Ставрев во јавноста е познат по тоа што го пушти на слобода Зоран Верушевски, обвинет за сериозни кривични дела, како незаконско прислушкување, шпиунажа и насилство кон државните институции во случајот Пуч.
Ставрев е син на истакнатиот член на Комунистичката партија и висок државен функционер Драгољуб Ставрев. СДСМ се декларираше во својот статут дека е наследник на поранешната партија СКМ. Истиот судија, син на поранешниот Премиер и Претседател на Македонија и висок функционер на идеолошки спротивната левичарската комунистичка партија, сега е поставен да го суди поранешниот премиер и екс-претседател на идеолошки антикомунистичката и десничарска партија Никола Груевски, заедно со поранешниот министер за транспорт и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески, поранешниот градоначaлник на општина Гази Баба и поранешен член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски и уште 4 други лица, службеници во општината.
Таткото на судијата Огнен Ставрев, Драгољуб Ставрев (1932-2003) беше главен уредник на Студенски збор, потпретседател па Совет на град Скопје, градоначалник на Скопје, претседател на градскиот комитет на партијата СКМ, член на ЦК СКЈ, член и извршен секретар на Претседателството на ЦК СКЈ, член на Сојузниот извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, како и претседател на Претседателството на СРМ.
Од контактите кои ги направивме со некои од присутните на судењето дознавме дека неговиот син, судијата Огнен Ставрев бил видливо наклонет на страна на обвинителството и се добиле впечатоци дека од предметот и доказите нема се уште прочитано ништо, што впрочем самиот и го кажал.
-Иако е искусен според годините, од судењето се остави впечаток дека или има видливи проблеми со концентрацијата, па не прима ништо од деталите посочени од одбраната, односно само делумно прима, или тоа намерно го правеше за да одбие се што бранителите аргументирано и по закон бараа и предложија. Единствено што им помина кај него беше барањето за пауза од 10 минути после 2 часа дебата. Ако е навистина деконцетрација, впечаток е дека тој тоа го прикрива со неприродно често климање со главата во смисла дека се следи и разбира, кога одбраната му се обраќа, но од одговорот се стекнува впечаток дека примил одвај 30 осто од кажаното. Втората опција е дека се примил и разбрал, но во недостиг на аргументи дава такви одговори како нешто да не чул и неразбрал. Ставрев не дозволил прво да се добијат доказите од СЈО па потоа одбраната да го даде воведниот збор, што според познавачите на правото е незаконски и тежок преседан бидејќи одбраната не би била иста со и без претходно примени докази, вели нашиот извор.
Kажал дека сака брзо да го заврши судењето.
Нашиот извор вели дека иако ништо не прочитал, било видливо, било очигледно дека во неговата глава обвинетите веќе се осудени, дека е пристрасен и дека во старт има цврсто заземено страна, страната на обвинителството.
Вториот судија Османи етнички Албанец, само му помагаше во тој правец и се чини беше уште поцврсто со заземена страна на обвинителот Бурим Рушити. Присутните кои ги контактиравме велат дека попусто одбраната ќе докажува и аргументира, кога двата судии едвај чекаат процесот да заврши и независно на сите докази и аргументи во нивна корист да ги прогласат за виновни обвинетите.
Од пребарувањето на социјалнитете мрежи, се гледа дека синовите на судијата Огнен Ставрев и Архитектот и претседател на советот на интелектуалци на СДСМ се блиски другари, следненици на идеологијата на Сорос, а двете идеолошки блиски фамилии живеат на Водно.
Дополнително, таткото на судијата – Драгољуб Ставрев своевремено пред да оди на многу повисоки партиски и државни позиции, бил претседател на градската организација на СКМ, денес СДСМ, а еден од неговите наследници на таа позиција е токму Мирослав Грчев.
Инаку во едно од следните рочишта, судијата Огнен Ставрев ќе треба да се изјасни за веродостојноста на едно вештачење во предметот, поврзано со објектот кое не само што е целосно поставено на погрешни основи, туку истиот Грчев не бил ни овластен да го направи.
фото: Академик
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст