| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц: Новото име ќе стои и на пасошите

Во интервјуто за емисијата „360 степени“, медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц зборуваше за опсегот на меѓународна употреба на евентуално договореното име, и дали тоа име би стоело и на пасошите и на останатите документи за идентификација што се користат во меѓународната комуникација.

– Мислам дека пасошите се меѓународни документи, се уште не сме се посветиле на сите прашања, би рекол дека пасошите се меѓународни документи. Ако има договор за модификација на името, тоа би било применливо на документи како пасошите, рече посредникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top