Поранешниот висок воен претставник на НАТО, адмирал Џејмс Џорџ Ставридис, се надева дека ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Грција и Македонија, за да може земјата да влезе во Алијансата.
– Решение кое бара поранешната југословенска република да го смени своето име во некое што е прифатливо за Грција, изјавил Ставридис во интервју за „Грикрипортер“.
Ставридис, кој сега работи како декан на универзитет на Флорида и е еминентен член на грчката американска заедница, вели дека „ги разбира чувствата за името и разбира дека тоа е предизвик за грчката јавност“. Но, исто така нагласува дека е важно балканот да се консолидира и да биде внесен во трансатлантскиот свет и во НАТО.
– Поранешната југословенска Република Македонија е партнер на НАТО и силен контробутор и има многу што да и понуди на Алијансата, рече Ставридис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст