Неопходно е формирање на ДИК, според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во своето денешно интервју во вестите на Сител телевизија потенцира дека ДИК е тело кое е од исклучителна важност како за изборите, така за референдум, но и за други процеси. Мицкоски нотираше и дека дополнително ќе следат разговори помеѓу опозицијата и позицијата на кои ќе се усогласат ставовите по што ќе следи нејзино формриање.
На прашањето: Зошто Антонио Милошоски предложи формирање на ДИК и дали за тоа ја има поддршката од партијата? Мицкоски рече:
– Ние имаме ДИК која е во оставка, со исклучок на еден член, тој е членот од БЕСА, кој што беше последен избран во очи на локалните избори. Логично е државата да има комплетирана Државна изборна комисија, бидејќи истата не се занимава само со проблеми поврзани со избори, туку и со други проблеми. Ние веќе подолг период имаме отсуство на комплетирање на едно такво тело и затоа мислам дека постапката на господинот Милошоски е апсолутно во насока на тоа да помогне во процесот да се интензивира истиот и да се изберат тие луѓе кои што понатаму би ја сочинувале ДИК. Бидејќи можеме да се соочиме со процеси кога ние неможеме да одиме напред бидејќи немаме формирана ДИК, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.
Според Мицкоски има многу процеси кои можат да бидат закочени, ако немаме формирана ДИК. Вклучително и за референдум, кој не би можел да се случи доколку нема формирано такво тело. Запрашан за модалитетот на избор на членовите на ДИК, Мицкоски рече:
– Најпрвин е добро во едни мегупартиски разговори опозицијата и позицијата да ги усогласат сопствените позиции, околу тоа како понатаму ќе биде формирана ДИК. Па дури потоа истите да се изберат во рамките на ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи