Македонија Сообраќај една година превезувала патници до Солун без дозвола. Од Министерството за транспорт информираат дека им е одземена поради нередовно одржување на линијата уште во 2014. Но, можеле да возат се до јануари минатата година, бидејќи дозволата била продолжувана додека трае судскиот спор. Иако ја загубиле лиценцата поради непочитување на правилата за работа, тие на своја рака возеле за Грција. Вчера после 15 години линијата е укината. До мај нема да може да се распише нов тендер за избор на превозник.
– Министерствто за транспорт и врски одлуките ги носи исклучиво врз основа на важечките законски прописи во Република Македонија и тие важат поддеднакво за сите превозници во внатрешниот и меѓународниот сообраќај. Исто така сакаме да информираме дека партнер фирмата од Грција редовно ја одржува линијата Скопје-Солун, а истата аплицираше за продолжување на важност на дозволата и ги има исполнето сите законски услови за тоа.
– Во интерес на граѓаните на Република Македонија, Министерството за транспорт и врски ги презема сите активности за редовно одржување на меѓународниот сообраќај, а воедно ги охрабрува сите заинтересирани компании да се пријават на претстојниот повик за распределба на автобуските линии во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, со цел да се обезбедат навремени и квалитетни сообраќајни услуги за граѓаните, стои во соопштението од Транспорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст